Топовски удар му експлодираше во раката! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

twitter.com/Sportsgriduk

Овие денови на интернет кружи едно видео на кое е снимен еден навивач кој настрада од пиротехника.

Во пресрет на финалето од бразилскиот фудбалски куп, навивачите на Атлетико ПР славеа со различна пиротехника.

Една група фанови дојде на аеродромот со цел да ги испратат своите играчи на мечот од Коритиба, а во текот на славјето еден навивач се обиде да запали факел, но истиот експлодираше и му ја разнесе раката.

Еден од сведоците Хулиано Лоренц Оскар за бразилските медиуми истакна дека сцената на која присуствуваше беше ужасна.

Ова е само уште една јасна порака до навивачите да бидат внимателни и да бидат што подалеку од пиротехничките средства кои можат да им го загрозат животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот