Топ 10 најплатени фудбалери во светот: Роналдо и Меси сѐ уште се на врвот без конкуренција
Фудбалската економија денес оди далеку надвор од границите на спортот, а најплатените играчи во светот комбинираат клупски договори, бонуси и глобални маркетиншки партнерства што им носат вртоглави приходи. Листата на десетте најплатени покажува како фудбалот стана глобална индустрија со висок профит.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Кристијано Роналдо е убедливо на листата на десетте највредни играчи на Светското првенство, не е изненадување што Меси е втор, а Нејмар трет, но секако е изненадувачки што Халанд е само на деветтото место, додека пред него е, на пример, Марез од Алжир.
1. Кристијано Роналдо (Португалија) – околу 1,17 милијарди евра
На врвот на листата е познатиот Португалец, првиот фудбалер во историјата што ја надминал заработката од една милијарда евра. Неговиот договор со Ал Наср носи околу 173 милиони евра годишно, а тој генерира дополнителни приходи преку неговата широка бизнис империја што го вклучува брендот „CR7“, хотели, фитнес центри, инвестиции во недвижнини, медиумски проекти и други комерцијални потфати.
2. Лионел Меси (Аргентина) – околу 868,14 милиони евра
Еден од најголемите фудбалери на сите времиња заработува огромни суми преку комбинација од спортски договори и спонзорства. Долгорочните партнерства со брендови како што се Адидас, Пепси, Долче и Габана… Сето ова го прави една од најмоќните маркетиншки фигури во спортот.
3. Нејмар (Бразил) – околу 390,78 милиони евра
Поранешниот играч на Барселона, Пари Сен Жермен и Ал Хилал, а сега член на Сантос, сè уште е меѓу најплатените спортисти во светот. Неговите рекордни договори и бројните спонзорски договори го држат на врвот на финансиската листа со години.
4. Килијан Мбапе (Франција) – околу 217,62 милиони евра
Неговиот договор со Реал Мадрид, вклучувајќи ги и бонусите, се проценува на околу 60 милиони евра годишно, со дополнителни приходи од глобални брендови.
5. Хари Кејн (Англија) – околу 128,7 милиони евра
Капитенот на Англија и напаѓачот на Баерн Минхен заработува висок приход преку клупски договор вреден околу 410.000 евра неделно, како и бројни спонзорски договори со спортски брендови.
6. Мохамед Салах (Египет) – околу 121,68 милиони евра
Египетскиот ас и сега веќе поранешен играч на Ливерпул имаше еден од најсилните договори во Премиер лигата, околу 450.000 евра неделно, со значителен приход од маркетиншки партнерства.
7. Сон Хеунг-Мин (Јужна Кореја) – околу 86,58 милиони евра
Легендата на Тотенхем и ѕвездата на азискиот фудбал, сега член на Лос Анџелес, ужива огромен статус во својата татковина и голем број спонзорски договори.
8. Ријад Марез (Алжир) – околу 73,71 милиони евра
Поранешниот играч на Манчестер сити и освојувач на големи европски и африкански трофеи, по преселбата во саудискиот Ал-Ахли, значително ги зголеми своите приходи.
9. Ерлинг Халанд (Норвешка) – околу 69,03 милиони евра
Напаѓачот на Манчестер сити и еден од најефикасните фудбалери во светот, е еден од играчите со најпрофитабилен долгорочен договор во историјата на клубот.
10. Хамес Родригез (Колумбија) – околу 69,03 милиони евра
Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Баерн, познат како „Капетан Фантастик“, продолжува да заработува високи приходи благодарение на неговиот претходен глобален маркетинг по Светското првенство во 2014 година.


