„Том Круз не постои за неа“: Сури Круз го прослави 18. роденден без својот татко

Фото: Profimedia

Сури Круз, ќерката на актерите Том Круз и Кејти Холмс, ги помина последните 12 години во сенка на шпекулациите за нејзината скршена врска со нејзиниот славен татко скиентолог.

Вчера таа го прослави својот 18. роденден без нејзиниот татко, кој со години не е присутен во животот на своето дете. Припадноста на актерот на контроверзната скиентолошка црква беше главна причина поради која неговата поранешна сопруга и ќерка му ги прекинаа сите контакти со него.

Сури Круз вчера / Фото: Fernando Ramales / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Како што пишува „Дејли мејл“, сега веќе полнолетната Сури не планира да ја обнови врската со својот оддалечен татко. Додека извори блиски до тинејџерката велат дека таа сè уште ги разгледува своите опции во однос на нејзината идна кариера, тие забележуваат дека таа е кристално јасна во една работа: „Том не постои за неа“.

Вчерашниот роденден на Сури официјално ги прекина сите преостанати врски со Том на хартија – тој веќе нема да ѝ плаќа издршка на Кејти, сума која наводно изнесувала 400.000 долари годишно.

Том Круз и ќерката Сури / Фото: Mario Magnani / Bauer Griffin / Profimedia

Но, дури и потенцијалот за идна финансиска помош нема да ја намами Сури да продолжи врска со нејзиниот татко, инсистираат оние кои се упатени во нивниот приватен живот.

„Иако има 18 години, Сури нема да има никаков контакт со нејзиниот татко. Па, дури и да се јави, таа нема да одговори. Тој не постои за Кејти и Сури, а неговата ќерка не сака да се потпре на него“, изјави изворите за „Дејли мејл“.

Тие продолжија: „Таа чувствува дека има еден родител, а тоа е нејзината мајка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот