Том Хенкс на одмор во Грција во сопствената вила (ФОТО)

profimedia

Холивудскиот актер Том Хенкс, со сопругата Рита Вилсон – пристигнаа на островот Антипарос, во Грција.

Почитувајќи ги препораките во светската пандемија, тие пристигнаа под маски на нивниот омилен остров. Бидејќи поседуваат вила во оваа земја, во своите интервјуа често изјавуваат дека ја обожуваат Грција.

Profimedia

Ова е прва нивна посета од декември, кога Том Хенкс стана почесен граѓанин на Грција.

Profimedia

За потсетување, 63- годишниот Том Хенкс е добитник два пати на наградата Oскар за филмовите „Филаделфија“ и „Форест Гамп“, четири пати добитник на Златен глобус и пет пати добитник на престижните награди Eми. Рита Вилсон актерката, текстописец и продуцент, кај публиката го привлече вниманието со нејзиниот трет албум „Bigger Picture“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот