Толку од одморот, Ѓоковиќ се враќа на терените
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде дел од претстојниот мастерс турнир во Мадрид, откако организаторите официјално го потврдија неговото учество.
Препорачано
По елиминацијата во осминафиналето на турнирот во Индијан Велс, Ѓоковиќ направи пауза и ги прескокна настапите во Мајами и Монте Карло, но сега е подготвен за враќање на терените. Покрај него, во шпанската престолнина ќе настапат и најдобрите двајца тенисери во овој момент, Јаник Синер и Карлос Алкараз.
Минатата година за Ѓоковиќ во Мадрид заврши рано, откако беше елиминиран уште во второто коло од Матео Арналди.
Инаку, последниот триумф на српскиот ас на овој турнир датира од 2019 година, а вкупно има освоено три титули во Мадрид. Годинашното издание на турнирот ќе се одржи од 22 април до 3 мај.
ВИДЕО | Историската победа на БиХ на трибините во Зеница ја славеше и Ѓоковиќ
Ѓоковиќ за драмата во Зеница: Вакви работи се случуваат два до три пати во животот
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
5час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


