Тодоровски: Сакаме да го освоиме турнирот во Хрватска

У21 надежите ја темпираат формата со контролни мечеви/Фото: ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 21 година во вторникот го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Хрватска.

Младите фудбалски надежи предводени од селекторот Драги Канатларовски во периодот од 21 до 26 септември ќе учествуваат на контролен турнир кој ќе се одржи во Хрватска.

Турнирот ќе се организира во Свети Мартин на Мури, учество ќе земат квалитетни репрезентации како домаќинот Хрватска, Албанија и Саудиска Арабија.

Атмосферата во нашата репрезентација е на едно високо ниво, а еден од клучните играчи во репрезентацијата, Димитар Тодоровски очекува Македонија да продолжи со добрата игра и победничката серии.

– Се подготвуваме одлично за претстојните предизвици што не очекуваат. Со нетрпение го очекуваме првиот дуел со Албанија. Сакаме да продолжиме со добрите игри. Започнавме одлично, со две победи над незгодната селекција на Босна и Херцеговина. Сакаме да продолжиме во ист ритам, целта е остварување на две победи и освојување на турнирот. Нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе за да оствариме позитивен резултат. Подготвен сум максимално и фокусиран на репрезентативните предизвици, добрата форма во која се наоѓам сакам да ја пренесам и на теренот. Секогаш е чест и гордост да се носи дресот со државен грб – вели Тодоровски.

Првиот натпревар македонската У21 селекција ќе го игра против Албанија на 23 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот