Тодоров го објави поширокиот список за мечевите со Естонија и Русија

фото: мкф

Повикан е најдобриот македонски кошаркар за 2019, Димитријевиќ, тука е и Американецот Витингтон, а ништо од кам-бек на Самарџиски.

Новиот селектор на македонската машка кошаркарска сениорска репрезентација, Александар Тодоров, излезе со поширокиот список на повикани кошаркари на чии услуги ќе смета наредниот месец.

Сениорите во рамките од групата „Б“ првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година ќе го играат на домашен терен против селекцијата на Естонија, а три дена подоцна ќе гостуваат кај Русија.

Првите три репрезентации од секоја група, со исклучок на организаторите (меѓу кои и Италија), ќе се квалификуваат на ЕП 2021.

Меѓу повиканите е најдобриот македонски кошаркар за 2019 година, Ненад Димитријевиќ кој блеска во дресот на шпанскиот клуб Хувентуд Бадалона. Како што и се најавуваше, во составот има и еден Американец, станува збор за Шејн Витингтон од екипата на Реал Бетис.

Федерацијата, Тодоров и стручниот штаб најавија дека беа направени неколку разговори за кам-бек на центарот Предраг Самарџиски. Тој во изминатиот период покажа одлични партии за турскиот Самсун, но не се наоѓа во поширокиот список.

Распоред на натпревари:
20 февруари 2020 Македонија – Естонија
23 февруари 2020 Русија – Македонија

ПОШИРОК СПИСОК НА КОШАРКАРИ

Ненад Димитријевиќ (Хувентуд Бадалона)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Марјан Младеновиќ (Работнички)
Бобан Стајиќ (Кожув)
Лука Савиќевиќ (Шпанска кошаркарска Академија)
Војдан Стојановски (По Ортез)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Марко Симоновски /
Адем Мекиќ (Пелистер)
Андреј Јакимовски (Реале Мутуа Баскет Торино)
Марко Миловановиќ (Кремона Баскет)
Андреј Митревски (Феникс 2010)
Стојан Ѓуроски (АЛМ Евр Баскет)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
Филип Бакоч (Еуро Никел 2005)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Јетмир Зеќири (Пелистер)
Шејн Витингтон (Реал Бетис)
Кирил Николовски (Работнички)
Љубомир Младеновски (Работнички)
Бојан Трајковски (Кожув)
Виктор Ефремовски (Работнички)
Теодор Симиќ (Барселона)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот