Тоа што го доживеавме на терените во поранешна СФРЈ, во САД ќе го сметаа за терористички напад

epa00163741 Milwaukee Bucks forward Toni Kukoc of Croatia celebrates a three point score against the Indiana Pacers in the second quarter of their NBA matchup at the Bradley Center Monday, 30 March 2004 in Milwaukee, Wisconsin. EPA/TANNEN MAURY

Легендарните хрватски кошаркари Тони Кукоч и Дино Раѓа, направија интересна споредба на доживувањата од времето кога настапуваа во лигата во поранешна СФР Југославија и во НБА лигата.

Раѓа и Кукоч беа дел од златната генерација на Југопластика, а подоцна и ПОП 84 која три пати по ред беше европски шампион, а доминираше и во лигата во поранешна СФР Југославија кон крајот на 1980-тите години.

Тие двајца во интервју за „БСТН“ зборуваа за разликите помеѓу кошаркарта од нивно време во малите сали и тоа што го доживеаја во НБА лигата.
– Во Шибеник, Задар или Чачак не влечеа со дресови и плукаа по нас, не гаѓаа со јајца. Во НБА лигата тоа е невозможно – се потсетува Раѓа низ насмевка за настапите во лигата на поранешна СФРЈ.

Кукоч сè уште ги памети гостувањата во Чачак и човекот со чадорот.
– Кога игравме во Чачак, не предупредија на еден човек кој беше во публиката и со себе имаше чадор. На почеток не сфативме за што станува збор. Но потоа видовме дека тој човек кој седеши во близина на центарот, со рачката од чадорот ги фаќаше противничките играчи за рака. Исто така наместо ни ја оставаа вратата отворена за ние на клупата да смрзнуваме. Тогаш беа дозволени секакви трикови – вели Кукоч.

Поранешниот кошаркар на Југопластика се потсети и на анегдода која му помогна на неговиот тим. Имено, тие на домашен терен губеа и тогаш некој ги изгаси светлата за да ги исплаши гостите. Трикот на крајот се покажа како успешен.
– По половина час игра тие 15 или 20 поени предност ништо не им значеа бидејќи не знаеја дали живи ќе се вратат дома. По такво доживување, кога ќе отидеш во НБА лигата, нема шанси да се исплаши тоа што некој вика „одбрана, одбрана“. Во НБА лигата тие работи кои ние во Југославија ги поминувавме би биле опишани како терористички напад – смета Кукоч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот