Тинејџерката која е сензација во Монтреал ќе игра и финале
Наоми Осака и младата канадска сензација Викторија Мбоко ќе се борат за титулата на престижниот „Роџерс куп“ во Монтреал, откако двете обезбедија место во финалето на ВТА турнирот вреден 5,2 милиони долари.
Препорачано
Јапонската ѕвезда и четирикратна грен-слем шампионка без поголеми проблеми ја совлада талентираната Клара Таусон од Данска со 6-2, 7-6, и така стигна до своето осмо ВТА финале во кариерата. Таму ја чека вистинската приказна на турнирот – 18-годишната Викторија Мбоко, која продолжува да ја пишува својата бајка во родниот Квебек.
Младата Канаѓанка со потекло од ДР Конго направи нова сензација, елиминирајќи ја 12. носителка Елена Рибакина. Иако изгуби убедливо во првиот сет со 1-6, Мбоко покажа неверојатна ментална сила и со пресврт стигна до триумф од 7-5, 7-6. Во вториот и третиот сет успеа да направи брејк во клучни моменти, двапати кога противничката сервираше за меч и спаси една меч-топка, за на крајот да триумфира со 7-4 во тај-брејкот.
Мбоко годинава ја започна како 333. на ВТА листата, а сега веќе е 85. и ќе го одигра своето прво финале на голем ВТА турнир. Финалниот дуел со Осака ветува вистинска тениска драма – судир на искуството и младешката енергија.


