Тинејџер од тетовско преку интернет се покажувал на малолетно девојче од Скопје, го користел телефонот на татко му

илустрација / фото: Тима Мирошниченко/Pexels

19-годишен жител на тетовското село Туденце праќал фотографии од делови на своето тело на малолетничка од Скопје, соопшти МВР. Случајот го пријавила мајката на девојчето.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.Т.(19) од с.Туденце, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на дете”. На 25.06.2021, мајка на малолетно девојче од Скопје пријавила дека на мобилниот телефон на нејзината ќерка на апликацијата Вибер од машко лице ѝ биле покажувани делови од машко тело. По преземени мерки било откриено дека пријавениот ги испраќал пораките од телефонот на неговиот татко“, се вели во полициското соопштение.

Од МВР додаваат дека пријавениот го признал делото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот