Ти Џеј Шортс доби понуда од Русија, но можно е кариерата да ја продолжи во Франција?!

фото: kfsm.mk

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс имаше фантастична сезона во дресот на Телеком Баскетс Бон во ФИБА Лигата на шампионите.

Нашиот плејмејкер беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во натпреварувањето и еден од најзаслужните што германската екипа ја освои титулата во ФИБА ЛШ.

Се шпекулира дека можно е Шортс од следната сезона да има нов клуб, според новинарот Руперт Фабиг доби огромна понуда од рускиот Краснодар.

Но, изворот вели дека нашиот репрезентативец најверојатно ќе ја одбие, и дека можно е кариерата да ја продолжи во Франција.

Информациите велат дека финскиот тренер Туомас Лисало потпиша договор со Париз Баскетбал за кој можно е да потпише и Ти Џеј Шортс (просек 18,3 поени, 3,2 скока и 7,5 асистенции, 1,2 блокада по меч).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот