„The Sun“: Албанците го контролираат пазарот на кокаин во Британија

Балканвеб

Еден од десет странски затвореници во Велика Британија се Албанци. Пишува весникот „The Sun“, кој потенцира дека Албанците веќе го контролираат пазарот на кокаин во земјата. Криминалците од оваа земја од Западен Балкан ги надминаа и Полјаците во однос на бројот на странски затвореници во Британија, соопшти Министерството за правда во Лондон.

Бројката на Албанците зад решетки скоро се дуплираше за само четири години, од 475 регистрирани во јуни 2015 година. Пред една деценија бројката беше само 166. Во извештајот на Министерството за правда се вели дека „Албанците сочинуваат најголем број на странци во британските затвори, на второ место се Полјаците, потоа Романците, Ирците и емигрантите од Јамајка“.

Според весникот „The Sun“, ова е како последица на создавањето на организирани и безмилосни албански банди кои влегоа на пазарот на дрога во Британија. Тие не само што ја контролираат трговијата со дрога, туку и увозот на пратките од целиот свет.

Националната агенција за криминал – предупреди: „Албанските криминални групи создадоа високо профилно влијание во рамките на организираниот криминал во Велика Британија и имаат значителна контрола врз целиот пазар на трговија со дрога во Велика Британија, особено кокаинот. Лондон е нивниот главен центар, но тие се наоѓаат низ целото Обединето Кралство“, пренесува Балканвеб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот