Фото: Siroki TT Kabeli/Antonio Sliskovic

ТФТ со едно добро полувреме против Широки, премалку за нов триумф во АБА 2 лигата

По доброто прво полувреме, во кое се стекнаа со солидна предност од три поени разлика, кошаркарите на ТФТ, подзастанаа во продолжението, на тешкото гостување, и на крајот загубија од Широки со 85:72 во рамките од АБА 2 лигата. Тоа е вториот пораз по ред за скопските „црно-бели“ во регионалното натпреварување, по кој имаат половичен ефект (2-2).

Сè беше добро за гостинските кошаркари во првите 20 минути, во кои делуваа доста сигурно, особено во фазата на нападот. Беа доста ефикасни, тоа се однесува за втората четвртина, во која и се стекнаа со предност, иако не така висока (40:37). Но по одморот, ТФТ не личеше на истата екипа од првото полувреме.

Ги изгубија оние сигурни ситуации во нападот, имааа сериозни проблеми со реализацијата играчите на тренерот Боро Смилковски. Тоа го казни во фазата на нападот, по што следуваше пресвртот. По три одиграни четвртини, Широки поведе со 57:52.

За неполни три минути, домашниот тим направи серија од 11:0 по која се одвои на 68:52. А нецели две минути подоцна, тој минус за македонскиот претставник стана и недостижен (76:55).

Во редовите на ТФТ, Дејвис запиша 16 поени и седум скока, следен од Говенс кој имаше 15 поени, Ташовски 14, а Гордон 11 поени и пет скока.

Во наредниот, петти круг од АБА 2 лигата, ТФТ го чека уште едно гостување. На 23 декември, во Бања Лука, за противник ќе ја има екипата на Борац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот