ТФТ ќе игра против тимот на Кочов во Лигата на шампионите

тфт мзт
ТФТ ќе ја претставува Македонија во квалификациите на ЛШ/Фото: kfsm.mk

ТФТ, куп шампионот на Македонија ќе игра во квалификациите на ФИБА Лигата на шампионите преку ќе се обиде да стигне до групите.

Со жрепка се одлучи ТФТ да биде во квалификациската група „А“, противник во четвртфиналето ќе биде Најнерс Кемниц од Германија.

Во стручниот штаб на Најнерс Кемниц е поранешниот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов.

Доколку ТФТ биде подобар против Германците, во полуфиналето ќе игра против Фрибург Олимпик од Швајцарија.

Во второто полуфинале од таа квалификациска група, турскиот Тофаш ќе се соочи со подобриот од пресметката Лестер Рајдерс – Волунтари.

Квалификациските мечеви ќе се играат од 21 септември, доколку ТФТ успешно ги заврши квалификациите пред жрепката за групите во ЛШ ќе биде во последниот четврти шешир каде што веќе се Легија Варшава, Бахчешехир Колеји, Бнеи Херзлија и Реџана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот