Тетовската болница ќе се реорганизира: Чекаме и дај Боже да нема многу нови пациенти!

Фото: МИА

 Клиничката болница – Тетово има повеќе објекти и во случај на нужна потреба од хоспитализација на КОВИД-болни ќе има доволно места, вели координаторот на КОВИД-центарот, д-р Гзим Нуредини.

Засега Инфективното одделение, освен во својот објект, има сместено пациенти и во најблиската зграда на првите два ката каде што е Интернистичкото одделение. На болничко лекување се 43 лица.

-Ако вака продолжи ние може од сите одделенија да земеме лекари и сестри да помагаат во КОВИД центарот. Ќе има реорганизација. Ќе бидеме фокусирани цела клиника на ковид центарот. Мора да се снајдеме, мора да работиме со сите кревети. Не е проблем бројот на кревети, имаме локации, не ни требаат шатори. Проблем е вирусот и смртните случаи.  Првите два ката од зградата каде е интерното одделение се во функција за ковид-центарот, ако има потреба и за третиот кат каде е педијатрија персоналот може да се премести за само еден ден. Но засега нема потреба, потенцира д-р Гзим Нуредени.

Непознатите последици од коронавирусот е главниот проблем и предизвик со кој се соочуваат овдешните лекари, како и сите во светот, објаснува тетовскиот доктор.

-Соочени сме со пандемија за која медицината нема искуство како за другите болести. Порано ако дојдеше вирус или инфекција, ако не ја знаете вие, ја знае некој друг град или држава па ќе се информирате и ќе почнете со мерки и протоколи. Сега е друга ситуација. Нема каде да земате информации, ги имате тие протоколи и работите само по нив и не е лесно. Се трошат антибиотици. Се тоа влијае на хоспитализациите. Чекаме и дај Боже да нема многу нови пациенти, изјави Нуредини.

Во Тетовско од почетокот на пандемијата досега имало 3372 луѓе кои заболеле од КОВИД-19, додека сега има 960 болни, а починати се вкупно 142 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот