Тестовите за коронавирус пред стартот на првата лига ќе бидат на сметка на ФФМ

фото: ffm.mk

Управниот одвор на ФФМ донесе одлука тестирањето на коронавирсут за фудбалерите и стручниот штаб на сите клубови од Првата МФЛ и Прва ЖМФЛ пред почетокот на натпреварувачката сезона 2020/2021 да биде на трошок на Фудбалската федерација на Македонија.

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги усвои предлог пропозициите и донесе уште неколку одлуки, како што се усвојување на календарот за натпреварување во женска конкуренција во наредната сезона, усвоен е календарот за натпреварување во млади категории, усвоена е листата на делегати.

Управниот одбор на на ФФМ исто така донесе одлука за измени и дополнувања на Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот