ТЕСТ: Откријте дали сте привлечна, искрена или пребирлива заводничка

Решете го тестот и дознајте повеќе за себе – дали сте голема заводничка или не ве бива баш за флерт.

Кога сакате да заведете некој – дали сте романтични, фатални или целосно безопасни? Одговорете на понудените прашања и дознајте  каков  е вашиот стил на заведување.

Што мислите за својот изглед?

  • Природата не била многу дарежлива за мене кога станува збор за убавина
  • Добро изгледам, но сигурно не сум убавица
  • Можеби не сум совршена, но задоволна сум од мојот изглед

Дали лесно делите комплименти?

  • Не , не сакам да ласкам
  • Кога нешто многу ми се допаѓа, секогаш тоа го кажувам
  • Да, често го правам тоа и сосема спонтано

Дали често зборувате за себе и вашите доживувања?

  • Не, не сакам да ги малтретирам луѓето со приказни што не ги засегаат.
  • Не особено, повеќе сакам да ги слушам приказните на другите луѓе.
  • Да, ако тоа им е интересно на другите.

Дали мислите дека другите го сакаат вашето друштво и дека ве сметаат за  интересни?

  • Ми се чини дека сум малку здодевна
  • Зависи од темата, понекогаш сум интересна, а понекогаш здодевна
  • Важно ми е луѓето да ме сакаат, но во основа не знам што другите мислат за мене

Забележавте дека му се допаѓате на момчето кое не ви се допаѓа. Како се однесувате?

  • Го избегнувам
  • Не знам како да го избегнам неговото додворување
  • Не сакам некому  да дадам лажна надеж

Ви се допаѓа некој кој е потполно рамнодушен кон вас. Дали би дале сè од себе за да го освоите?

  • Не, во тој случај и јас би останала ладна
  • Ќе се потрудам подобро да го запознаам, а потоа сè е можно
  • Да, ќе се потрудам да ги истакнам моите квалитети, да бидам заводлива, провокативна, интригантна.

Сте разбрале дека вашиот партнер имал многу авантури пред да ве запознае вас. Како ќе реагирате?

  • Не сакам да се занимавам со неговото минато
  • Тоа се раскажани приказни
  • Нормално е дека имал многу врски

За да освоите некого, важно е

  • …внимателно да го слушате
  • …да знаете дека му се допаѓате и да бидите упорни
  • …да покажeте дека ви се допаѓа и да дозволите „хемијата да проработи”

Најмногу одговори под А: искрена

По природа сте искрена и не ви паѓа на памет да глумите голема заводничка и користите тактики од женски списанија за да му се допаднете на некој. Се згрозувате од лаги и измами и верувате дека најдобар начин да освоите некого е да бидете такви какви што сте, да покажете интерес, да кажете нешто што навистина го мислите.

Најмногу одговори под Б: пребирлива

Може да бидете голема зводничка, но не сте многу заинтересирани својот заводнички потенцијал да го негувате и развивате. Отворени сте за нови контакти, но не ви паѓа на памет да паѓате во “несвест “ за да оставите добар впечаток. Внимателно го избирате друштвото и не сакате беспотребно да го трошите времето и енергијата на оние кои не ви значат.

Најмногу одговори под Ц: привлечна

Сакате луѓето за вас да имаат убаво мислење и се трудите во секоја прилика да оставите добар впечаток, да бидете интиргантни и допадливи. Многу сте друштвени, сакате да разменувате идеи со другите, да зборувате за себе и своите искуства, повремено да бидете во центарот на вниманието. Знаете да уживате во животот, но во ништо не претерувајте .

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот