Тешко повредени тројца млади луѓе во сообраќајка на патот кон Тиквешко Езеро

фото МИА

Во тешка сообраќајна несреќа во која нивното возило излетало од патот, повредени се четворица млади жители на селото Возарци, од кои тројца имаат тешки повреди, соопшти полицијата.

„На 13.03.2022 во 04.00 часот било пријавено дека на патот од брана на Тиквешко Езеро во правец на с.Возарци, патничко возило „сеат”, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.А.(20) од с.Возарци, излетало надвор од коловозот“, се вели во полицискиот билтен.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и двајцата сопатници Н.М.(18), Р.Р.(19), а со телесни повреди се здобил сопатникот С.И.(20), сите од с.Возарци, констатирани во Општата болница во Кавадарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот