Тешки зборови за новиот тренер на Барселона: Куман е лош тренер, уште полош човек и алкохоличар

epa07823416 Netherlands' head coach Ronald Koeman before the UEFA EURO 2020 qualifiers group C soccer match between Germany and the Netherlands in Hamburg, Germany, 06 September 2019. EPA-EFE/DAVID HECKER

Поранешниот фудбалер на Валенсија, Хоакин, ја отвори душата и кажа што мисли за новиот тренер на каталонците.

Хоакин и Роналд Куман заедно освоија еден трофеј, во шпанскиот куп, но соработката никогаш не им беше добра кога Холанѓанецот ја предводеше Валенсија, а Хоакин беше еден од клучните фудбалери.

Сега откако Куман и официјално седна на столчето на Барселона, Хоакин се потсети како изгледаше кога тие двајца соработуваа во Валенсија, и нема убави зборови за Холанѓанецот.

– Зема седум милиони евра и не му падна на памет да ја врати Торојата која ја доби од клубот на користење. Ние фудбалерите моравме сами да ги бараме грешките на натпреварите, на него единствено му беше важно заедно со вечерата да добие пет или седум шишиња добро вино – вели Хоакин.

Шпанскиот фудбалер му е лут на Куман и поради тоа што никогаш не бил искрен со него и фудбалерите.
– Го уништи тимот и единствена причина зашто не испаднавме од Ла Лига е бидејќи не се играше подолго. Тој имаше слобода да прави што сака, а всушност покажуваше колку е мал човек. Никогаш ништо не им велеше на луѓето во лице и зибегнуваше контакт. Заработи многу пари тренинрајќи ја Валенсија, но го уништо секој играч кој можеше да го уништи и ја разби добрата хемија која ја имаше во соблекувалната. Покрај тоа што покажа дека е лош тренер, тој покажа дека е уште полош човек – вели Хоакин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот