Тешки последици за животинскиот свет поради потонувањето на бродот со хемикалии во Шри Ланка

По потонувањето на товарниот брод полн со токсични хемикалии, во водите околу брегот на Шри Ланка пронајдени се стотици мртви морски животни, вклучувајќи и китови и делфини, соопштија денеска властите.

Властите во Шри Ланка пронајдоа четири мртви китови, 20 делфини и 176 желки, пишува „Њујорк Тајмс”.

-Очигледно, смртта на овие морски животни е поврзана со потонувањето на бродот. Минатата година, во истиот период пронајдовме само две мртви желки, изјави Даршани Лахандапура, шеф на Здружението за заштита на морето од Шри Ланка.

Бродот со токсични хемикалии, „МВ Х-Прес Бисер”, се запали кон крајот на мај и потона на почетокот на јуни. Тој превезуваше 1.486 контејнери. Капетанот на 20 мај пријавил пожар на бродот кога се приближувалл до пристаништето Коломбо. Пожарот го гаснеа морнарицата и воздухопловните сили на Шри Ланка, заедно со индиската крајбрежна стража.

Контејнерите содржеле хемикалии, како натриум хидроксид, азотна киселина и метанол. Бродот превезувал и околу 350 тони нафта и пластика. По пожарот на прекрасните и, пред се, чистите плажи во западна Шри Ланка беа прекриени со остатоци од бродот и парчиња пластика. Властите забранија риболов на тој дел од крајбрежјето.

По 12 дена изгаснат пожарот на сингапурскиот брод-контејнер во водите кај Шри Ланка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот