По 12 дена изгаснат пожарот на сингапурскиот брод-контејнер во водите кај Шри Ланка

Пожарникарите денеска, после 12 дена исцрпувачка борба со огнот, успеаја да го изгаснат пожарот на бродот- контејнер во водите кај Шри Ланка.

Судот на капетанот и некои други службени лица од бродот им изрече забрана за патување.

Пожарот на „ MV X-Pres s Pearl” постојано гореше од 20 мај, предизвикувајќи сериозни штети на бродот, што, според официјалните лица, е „стар само пет месеци” и предизвика сериозно загадување во океанот и долж поголемиот дел од познатите плажи на островот, пренесуваат американските медиуми.

Бродот се запали кога беше закотвен во главниот град Коломбо, чекајќи да влезе во пристаништето.

Морнарицата верува дека пожарот бил предизвикан од хемикалија што била пренесувана со бродот, што пловеше под знамето на Сингапур. На бродот имало 1486 контејнери, вклучувајќи 25 тони азотна киселина и други хемикалии што на 15 мај биле натоварени на пристаништето Хазира, во Индија.

Портпаролот на полицијата, Аџит Рохана, изјави дека полицијата го испрашала капетанот на бродот и службеник на локалниот агент на бродот и дека судот во Коломбо им забранил на капетанот, инженерот и помошникот инженер да ја напуштат земјата.

Екипажот на бродот со 25 членови, беше евакуиран минатата недела по експлозијата, а меѓу нив има и државјани на Филипини, Кина, Индија и Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот