Фото: МВР

Тешка несреќа на автопатот Скопје-Велес, спасувачи извлекувале кола со шест луѓе

Полицајци и пожарникари попладнево спасиле шестмина патници во автомобил кој излетал од автопатот Скопје-Велес кај месноста „Манастири“, соопшти МВР.

„Веднаш по пријавата, на местото на несреќата биле испратени полициски екипи, кои на тешко достапен терен го пронашле излетаното патничко возило „Сеат“, управувано од К.С. (68) од Велес. Во автомобилот имало уште пет сопатници. Во спасувачката акција се вклучиле и една екипа на Територијалната противпожарна бригада на град Скопје, три екипи на Итната медицинска помош од Скопје и една екипа на ЈП Македонија Пат. Благодарение на брзата и координирана реакција на службите, возачот и сопатниците биле успешно извлечени од возилото и пренесени во Ургентниот центар во Велес. Според првичните информации, сите се надвор од животна опасност“, пишува во полициското соопштение.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот