Тереза Меј го обвини Џонсон: Сака да ја затвори Британија од остатокот од светот (ВИДЕО)

Бившата британска премиерка Тереза Меј го обвини својот наследник Борис Џонсон заради планот да забрани патување.

Меј оцени дека со тоа би ја „затворил Велика Британија од остатокот од светот“.

Таа во парламентот за време на дебата одржана во средата рекла дека без меѓународни патувања нема светска Британија, пренесува Тајмс.

На неа поддршка и дале два членови на конзервативците, истакнувајќи дека таква мерка би нанела економска штета.

Истовремено, таа предупредила и на безбедносните импликации доколку дојде до конечен Брегзит без договор, што донесе до губење на соработката во поглед на размена на податоци и разузнавачки информации со Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот