ТЕПАЧКА меѓу косовски политичари по телевизиска дебата

Газета Експрес

Со физичка пресметка завршила синоќешна политичка дебата на двајца кандидати за пратеници на Косово. Станува збор за кандидатот од Самоопределување Хаки Абази и на коалицијата Социјал-демократската партија и Алијансата за иднина на Косово, Дардан Молиќај.

За време на емисија во косовската Телевизија Т7, двајцата кандидати за пратеници неколкупати дебатирале, но веднаш штом изглегле од телевизиското студио нивната нивната нетрпеливост ескалирала. На местото на настанот пристигнала и косовската полиција.

„На 11.09.2019 година, околу 22:55 часот, полицијата доби информација за инцидент во Косово Поље и единиците на надлежната полициска станица веднаш отидоа на местото на настанот, каде го сретнале едното од инволвираните лица кој е во процес на интервјуирање и сега се преземаат сите неопходни правни процедури за понатамошни активности во консултација со надлежниот обвинител“, изјавил за портпаролот Сињали портпаролот на полицијата Даут Хоџа.

И учесниците во тепачката ја раскажувааат нивната верзија од настанот.

„Додека излегував од телевизискиот ходник и Дардан со неговиот придружник дојдоа позади и се закачивме и сакаа да ме удрат . Влезе Реџеп Хоти во средина и се случи таква непријатна ситуација со фатење за грло и такви работи. Дури и удар во ногата не знам од каде ми дојде зошто беше една сосема лоша ситуација “, рече Хаки Абази.

Додека пак другиот инволвиран политичар Дардан Молиќај изјави : „Ништо не се случи надвор од студиото, освен дебата со малку тензии што беше продолжение на јавната дебата. За мене не се проблем телевизиските дебати и се чувствувам многу удобно да ги бранам своите верувања. Никогаш не кријам. Јас сум во состојба да го оправдам секој политички потег до крај. За мене не се проблем какво било обвинение или напад врз моите политички активности. Поплаките и жалбите не можат да ги сокријат загубите на ниво на аргументи во телевизиските дебати “, рече Молиќај по инцидентот, пренесува Газета Експрес.

Инаку предвремените парламентарни избори во Косово се закажани за 6 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот