Тепачка меѓу 100 навивачи во Украина пред мечот во Лига Европа! (ВИДЕО)

принтскрин/твитер

Украинската полицијата соопшти денеска дека се уапсени 12 лица кои биле вклучени во тепачката околу 100 навивачи во пресрет на мечот од ЛЕ меѓу Олександрија и Сент Етјен.

Инцидентот се случил во средата навечер, ден пред натпреварот од Лига Европа, а во тепачката биле вклучени украински, француски и германски навивачи.

Полицијата информираше дека се уапсени четири навивачи од Лвов, како и осум странци.

Се додава уште дека во инцидентот се повредени и двајца полицајци.

Натпреварот Олександрија – Сент Етјен ќе се игра вечерва од 21.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот