Теона и Теа Настоска „бронзени“ на Балканското првенство во самбо

Од Џудо и Самбо Клубот СЕИШИН-Прилеп учество зедоа четири репрезентативци/Фото: facebook/Џудо Клуб Сеишин

Како што известува џудо клубот „Сеишин“ денеска во Софија (Бугарија) се одржа Балканското првенство во самбо.

Во склоп на самбо федерацијата на Македонија од Џудо и Самбо Клубот СЕИШИН-Прилеп учество зедоа четири репрезентативци.

– Теона и Теа Настоски, Елеонора Илиоска и Јован Стојаноски заедно со тренерот Теодора Димеска.

На ова натпреварување со бронзени медали се закитија сестрите Теона Настоска -41 кг. и Теа Настоска -44 кг.

Одлични борби прикажаа и Илиоска Елеонора -54 кг. и Јован Стојаноски -53 кг., но не успеаја да изборат место на пидесталот на едно вакво силно натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот