Тениски земјотрес: Играчи во топ 50 на АТП ранг-листата учествувале во местенки

Николоз Басилашвили/фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Новинарите на германската телевизија „Зе-Де-Еф“ објавија дека Аслан Карацев и Николоз Басилашвили учествувале во местење на мечеви.

Тие мометно се наоѓаат на 26 и на 42 место на АТП ранг-листата и се обвинети дека заедно со белорускиот тренер Јахор Јацик учествувале во местенки.

Според новинарите на „Зе-Де-Еф“ кои имале увид во документите од истрагата на Светската тениска федерација (ИТФ), Јацик во два наврати им нудел пари на Карацев и на Басилашвили за одложување на мечевите.

Во истрагата која трае неколку месеци е утврдено дека постојат најмалку пет меча за кои имало огромни уплати во обложувалниците.

Кога станува збор за Карацев, спорни се мечевите на АТП челенџерите во Финска 2019, Казахстан 2020 и АТП турнирот во Штутгарт и станува збор за дуели во игра на двојки.
Басилашвили со сомничи дека за меч што се играл на Вимблдон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот