Тен Хаг ќе прави чистка во Јунајтед, десет фудбалери ќе го напуштат „Олд трафорд“

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед Ерик тен Хаг/ фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, откако во четвртокот и официјално потпиша за „црвените ѓаволи“, најави ремонт на екипата, а англиските медиуми денеска пишуваат дека дури десет фудбалери би требало да си заминат од „Олд трафорд“.

Прво име кое ќе си замине од Јунајтед е Пол Погба кој би требало да се пресели во ПСЖ, а минатата недела и Немања Матиќ јавно соопшти дека на крајот од сезоната си заминува.

Се погласни се шпекулациите дека Тен Хаг не го сака во тимот ниту капитенот Хари Мекгваер, кој е под жесток удар од навивачите поради честите киксеви сезонава.

Не е сигурно останувањето и на најголемата ѕвезда и прв стрелец на екипата, Кристијано Роналдо, а заминување најави и Единсон Кавани.

Одбраната би требало да доживее комплетен ремонт бидејќи на излезни врати од „Олд трафорд“ се наоѓаат и Ерик Баји и Фил Џонс кои го загубија местото во тимот, а за следната сезона  одбраната се очекува да биде посилна за Тимбер од Ајакс и Пау Торес од Виљареал.

Ентони Марсијал кој сезонава настапува за Севиља како позајмен играч, се поизвесно е дека нема да се врати на „Олд Трафорд“, и челниците на Јунајтед го гледаат Дарвин Нуњез како напаѓач . И Андреас Переира нема да се врати од позајмицата во Фламенго бидејќи Јунајтед планира да средниот ред да го засили со Калвин Филипс од Лидс и Деклан Рајс од Вест Хем.

Маркус Рашфорд за кого медиумите веќе шпекулираат дека ќе се пресели во ПСЖ, исто така е неизвесен за следната сезона.

Што се однесува до засилувањата, Тен Хаг ќе има на располагање 250 милиони евра за засилувања во летниот преоден рок, плус парите што би биле заработени од продажбата на одредени фудбалери.

На листата на желби покрај Нуњез, Филипс, Рајс, Торес и Тимбер, се наоѓаат уште и Макс Аронс од Норич, голманот на ВБА Сем Џонстон, Ентони од Ајакс, Јури Тилеманс од Лестер и капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот