Тедрос: СЗО следната недела ќе испрати екипа во Кина за да се истражи изворот на коронавирусот

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Светската здравствена организација (СЗО) следната недела ќе испрати екипа во Кина за подобро да разбере како почна епидемијата на коронавирусот, изјави синоќа генералниот директор Тедрос Адханом Гебрејесус.

-Познавањето на изворот на вирусот е многу, многу важно, изјави Тедрос, пренесен од Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека очекува посетата да доведе до разбирање на тоа како почна епидемијата и што може да се направи за светот да се подготви за тоа што го чека во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот