поплави / Фото МИА

Тажно утро во Словенија, се излеваат реки, многу домаќинства немаат струја, некои места се’ уште се отсечени

Ново утро во кое Словенија ги брои штетите од поплавите, а состојбата на терен е далеку од  подобрена. Многу реки во централна, северна и источна Словенија се уште се поплавуваат, јавија локалните медиуми.

Реката Сава се поплавува во поголеми размери, во долниот тек во наредните часови ќе го достигне својот најголем проток. Во текот на ноќта евидентирани се бројни интервенции низ државата, дежурни екипи и надлежни служби се на терен и продолжуваат со отстранување на настанатите последици и помагање на населението, јавија словенечките медиуми.

Мнистерот за одбрана Марјан Шарец на прес-конференција синоќа најави дека Словенија ќе побара меѓународна помош, а еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич во наредните денови ќе ја разгледа состојбата во земјата.

Во 11 часот ќе заседава Советот за национална безбедност, а потоа и Владата.

Неколку места во земјата се уште се отсечени. Меѓу нив е и општина Межица. Како што напишаа во соопштение, за нив тоа е катастрофа каква што не паметат.

-Во моментов сите граѓани се безбедни. Сепак, ситуацијата се уште се менува од минута во минута. Цел ден беа активирани сите надлежни служби во општината кои се обидуваа да ја решат или ублажат штетата. Ни помагаат од словенечката Армија и пожарникари од Мурска Собота. Состојбата во нуклеарната централа Кршко е стабилна и под контрола, соопшти словенечката управа за нуклеарна безбедност, откако од електраната констатирале дека забележале „ненормален настан“ поради големиот проток и високиот водостој на реката Сава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот