Тажен крај на голготата во Мароко: Почина петгодишното момче Рајан, кое падна во бунар

Фото: Твитер

Момчето Рајан од Мароко, кое во вторникот падна во бунар длабок 32 метри, а спасувачите со денови се обидуваа да го извлечат, не ја преживеа операцијата која му беше итно направена вечерва, јавија локалните медиуми.

Според Ал Џазира Мароко, смртта на петгодишното дете е потврдена од официјални лица.

Целата светска јавност четири дена ги очекуваше вестите за спасувачката операција, во која беа вклучени багери и дупчалки, кои ископаа паралелни вертикални јами, за спасувачите да можат да стигнат до Рајан, без опасност од одрони.

Во бунарот беше спроведена и камера, а на момчето му беше доставена вода и храна. Рајан беше извлечен околу 21 часот и 30 минути по средноевропско време и со возило на Итната помош префлен во болница, но лекарите не успеаја да го спасат.

Кралот на Мароко, Мухамед Шести, во соопштение издадено од Палатата, им изрази сочувство на членовите на семејството на момчето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот