Чистење тава - Фото: JK Sulit / Alamy / Profimedia

Тавите ќе изгледаат како нови со еден едноставен и природен трик за чистење

Спречувањето на таложење маснотии на тавите може да биде предизвик, особено ако често ги користите, но добрата вест е дека нивното чистење е полесно отколку што мислите. Со текот на времето, маснотиите и нечистотијата се насобираат на површината на тавите, поради што тие изгледаат валкани и истрошени. Сепак, со еден едноставен трик, тавите повторно можат да заблескаат како нови.

Најпрво, наполнете ја тавата со врела вода. Потоа додајте малку оцет и прстофат сода бикарбона. Ставете ја тавата на рингла и оставете смесата да врие околу 20 минути на тивок оган. Откако ќе проврие, внимателно истурете ја течноста, а потоа измијте ја тавата со детергент и топла вода. На крај, исплакнете ја со ладна вода и нечистотијата би требало лесно да се отстрани.

Со користење на овој метод, наместо агресивни хемикалии, ќе забележите значителна разлика во чистотата и изгледот на вашите тави.

Сервисот за чистење на домаќинства „Tidy Pig Cleaning“ препорачува тавите редовно и темелно да се чистат, а споделија и неколку корисни совети за спречување на насобирање нечистотија.

Важно е да не готвите на премногу силна температура, бидејќи прегревањето може да предизвика промена на бојата и загорени остатоци. Исто така, секогаш оставете тавата да се олади пред миење, бидејќи наглите температурни промени можат да го деформираат металот.

Дополнително, препорачливо е да користите дрвени или силиконски кујнски алатки наместо метални, кои можат да ја изгребат површината на тавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот