Таткото на Леонид денеска ја обжали одлуката на Првостепената комисија на ФЗОМ

Таткото на Леонид, Бранко Индов денеска до Фондот за здравство поднесе жалба против одлуката на првостепената лекарска комисија при ФЗОМ која го одби лекувањето на неговиот син во странство со образложение дека не било лекување туку рехабилитација.

Сега второстепената комисија при ФЗОМ ќе одлучува за судбината на Леонид кој се наоѓа во центар за рехабилитација во Австрија.

Од Фондот за здравство се правдаа дека од ТОАРИЛУЦ каде Леонид се лекувал, не испратиле точна интервенција која ќе му се спроведува во странство. Така семејството остана извисено за 140 илјади евра и парите ги собира преку донации и смс пораки.

Во конзилијарното мислење за Леонид е наведено дека во земјавава се исцрпени сите опции за лекување и дека поради тоа се упатува на лекување во Австрија. И покрај тоа, првостепената лекарска комисија при Фондот одбила да го покрие трошокот.

Од ФЗОМ на брифингот со новинарите минатата недела не знаеа да кажат во која здравствена установа Леонид би можел да се лекува во Макеоднија. Тој откако се здоби со тешки телесни повреди на одмор во Грција, покрај тоа што не може да се движи, исто така дише на респиратор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот