Скопјанец со тупаници удирал по глава дете што се скарало со син му
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен маж осомничен дека во двор на основно училиште во Илинден физички и вербално нападнал дете на возраст меѓу 12-13 години, откако неговиот син претходно имал недоразбирање со врсникот.
Препорачано
„Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете според член 201-а од Кривичниот законик. Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година. Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник и го повикал таткото. Кога пристигнал, осомничениот најпрво започнал да му упатува навреди, пцовки и погрдни зборови на другото дете, а во еден момент и физички го нападнал со удари со шлаканици и тупаници во главата и телото, нанесувајќи му телесни повреди – расекотини и подливи“, соопшти обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува во судот и забрана да се приближува на оштетеното дете, додаваат од Основното јавно обвинителство Скопје.
Жена му однела јајца со кокаин и марихуана на сопругот во затворот Идризово


