Александар Тасевски/Фото: МИА

Тасевски за упадот во М-НАВ: Имало туркање и влечење кон контролната соба, како и караници што резултирале со удар

Претседателот на синдикатот на М-НАВ,  во вечерашната Топ  Тема на Телма вели дека нападот во контролната кула  е само  почеток на одмотување на клопчето.

Тоа не е настан кој резултира од грешките од вчера или завчера, туку покажува дека целиот овој период погрешно била поставена целата постапка, кој лица биле вработени во службите за обезбедување, каква била нивната задача, дали имале други активности, кога во одреден момемнт се договориле да направат напад врз контролор на летање, но законодавството да си ги одговори овие прашања, одговори  Тасевски на прашањето што се случи на 4 јануари.

На прашањето дали е влезено во контролната соба рече дека за тоа треба да одговори истрагата.

Јас не бев таму, од информациите кои ги добив таму имало влечење, туркање, наводно имало одење кон контролната соба. Имало расправии, кои на крај резултирале со удар. Не сум меѓи тие што ги гледал снимките за да анализирам. Знам дека имаше истражни органи кои уште првиот ден ги гледаа снимките и анализираа што се правело, направија и записници и знаат што точно се случувало. Имаше и лица од М-НАВ кои се задолжени во овој дел на безбедносно одделение, тие беа инволвирани во самата постапка на разоткривање на настаните, вели Тасевски.

Според него функционирањете како синдикат било во насока на безбедноста на граѓаните. Се повлекувавме од најавените штрајкови само за граѓаните да не трпат, бидејќи тие се најмалку виновни за состојбата во М-НАВ. Ова не е наша активност која сме ја почнела сега туку години наназад и гледаме чекор по чекор нешто да постигнеме. Факт е дека поради сите пропусти во минатото дојдовме до онаа состојба од пред некој ден, објаснува Тасевски.

Тој потенцираше дека во М-НАВ има партиски вработувања и вработувања на несоодветни кадри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот