Тасевски: Македонија е во благ пад, го нема ентузијазмот што беше пред Европското првенство!

Историската победа на Македонија против Грузија а пласман на ЕП 2020/фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Македонската А репрезентација денеска од 20.45 часот на домашен терен ќе го игра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на нации против Бугарија.

И двете селекции ги загубија шансите за првото место, но е важен мечот за нас со позитивен резултат да бидеме во четвртиот шешир пред жрепката за квалификациите за ЕП 2022 на 9 октомври.

Дарко Тасевски (38) за нашата сениорска селекција запиша вкупно 45 настапи и еден погодок.

Во клупската кариера играше и во Бугарија за екипите на Левски Софија и Славија Софија со над 200 одиграни натпревари во таа земја. Со Левски Софија беше шампион во бугарското првенство во 2009 година, а во 2007 и 2009 со истиот клуб стигна до трофејот во националниот Суперкуп.

Екс играчот за врска во нападот ги сподели очекувањата во пресрет на вечерашниот дуел на Националната арена „Тодор Проески“.

– Бугарија одигра добро против Гибралтар и позитивна работа е што дадоа „знаци на живот“, но да не брзаме да го наречеме тоа чудо, бидејќи на крајот на краиштата зборуваме за Гибралтар. Можете да ја видите промената, репрезентацијата се движи во друга насока, Крстајиќ е тренер со многу искуство и доколку остане подолго може да го води тимот во вистинската насока и да се искористи потенцијалот – вели Тасевски.

Тасевски смета дека поразот на Македонија од Грузија во Тбилиси беше очекуван (2:0).

– Поразот од Грузија беше очекуван. Македонија има благ пад во составот во целост. Ентузијазмот што беше во селекцијата пред ЕП, плеј-офот, го нема…Многу од играчите сега не играат редовно и сето ова има големо влијание – се зборовите на Тасевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот