Таргет на Ел Чека е Ахмети, но и Заев, бидејќи го брани коалицискиот партнер - Слободен печат

Таргет на Ел Чека е Ахмети, но и Заев, бидејќи го брани коалицискиот партнер

Кичевецот Ел Чека кој од САД објавува прислушувани разговори на социјалната мрежа Фејсбук, првично е насочен кон Али Ахмети, но подготвен е да се пресмета и со секој кој ќе застане во негова заштита, како што тоа го прави премиерот Зоран Заев, сметаат аналитичарите. Според нив, надлежните институции во земјава не треба да се заминаваат само со тоа што Ел Чека прави кривично дело со тоа што објавува нелегални прислушувани разговори, туку треба да проверат и дали во нив има индиции за кривични дела.

Џабир Дерала од „Цивил“ вели дека објавувањето на прислушуваните разговори е дел од пресметката на Ел Чека со Ахмети и луѓето околу него, но и на ние кои го земаат во заштита, како премиерот Заев.

– Овие разговори се нелегални и задираат во приватноста, но тоа што го слушаме упатува на многу сериозни кривични дела што ги прави Ел Чека, не само престапник, но и свиркач. Најважни се податоците и индициите што ги слушаме за тоа што се направил или прави Али Ахмети и неговата партија. Сметам дека постои индиција за многу сериозен криминал, и малку е чудно што институциите тоа го занемаруваат, туку остануваат само на тоа дека Ел Чека објавува нелегано прислушувани разговори  од кои некои се приватни. Паралелно, треба да се истражуваат двете работи и одговорноста на Ел Чека, но и содржината на разговорите – вели Дерала.

Прочитајте и...  Најмалку 400 приведени на првиот викенд од карневалот во Сао Паоло

Не знаеме, додава тој, кој е точно Ел Чека и како е поврзан со сите засегнати страни, но сметам дека дејствува самостојно или има поддршка од помала група.

Како што беше објавено, Ел Чека е 28-годишниот кичевец Шеќерим Ахмети. Тој соопшти дека има 6.000 прислушувани разговори, кои му ги дал командант Соколи кој е еден од осудените за настаните во Диво Насеље. Снимките ги објавува од САД.

Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека ставовите на Ел Чека се поблиски со оние на албанската опозиција, но дали е поврзан со нејзе не може да каже.

– Најголема политичка штета од ова може да претрпи Ахмети на следните избори. Анкетите покажуваат дека Алијансата на Албанците  е многу блиску до ДУИ – вели Муслиу.

Прочитајте и...  Во Хубеи дополнително ќе се прегледуваат за коронавирус оние кои купиле лекови за треска и кашлица

Иако заканата му е сериозна, Ахмети излезе со политичка изјава дека не ги слуша разговорите, но праша зошто Ел Чека објавува само разговори за ДУИ.

– Но, како не се случи да се објават приватни разговори за членови на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку само за членови на ДУИ? Каде се другите разговори? Зошто се објавуваат приватни разговори само од членови на ДУИ? Мислам дека нашиот народ „не јаде трева“! Што направија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Целиот процес го девалвираа – рече Ахмети.

На ова одговори и Заев кој од говорницата во Владата му се закани на Ел Чека дека ќе одговара за објавувањето на пруслушуваните разговори.

Прочитајте и...  Ќе се збогати ли политичката понуда во Македонија?

Засега е познато дека кичевското обвинителство поднесе обвинение против Шеќерим Ахмети односно Ел Чека, но ниту од таму, ниту од Специјалното јавно обивнителство не кажуваат дали ја испитуваат содржината на разговорите.

Прочитај повеќе

Ордановски: Доколку правосудството сака да испорача правда, тоа ќе го стори

Слободен печат

Напуштениот брод кој повеќе од една година низ Атлантикот пловеше без екипаж „уловен“ во Ирска

Слободен печат

Бектеши: ДУИ нема да формира коалиција со ниту еден субјект што ќе се обиде да го негира Преспанскиот договор

Слободен печат

Сандерс со убедливо водство кај демократите

Слободен печат

Путин го разреши својот советник Сурков, креаторот на „вертикална моќ“

Слободен печат

Трамп помилува седум лица, ја намали и затворската казна на Род Благоевиќ

Слободен печат

Остави Коментар

осум + 9 =

Прочитај повеќе

Зеќири: Сега предметите и истрагите се живи, конечно ќе може да се постапува

Слободен печат

На Кинезите им е забранет влез во Русија до 20 февруари

Слободен печат

Светската здравствена организација ја пофали Кина за мерките против коронавирусот

Слободен печат

Отфрлени заклучоците на Република Српска за границата со Федерацијата БиХ

Слободен печат

Калифорниското вино се продава по рекорднo ниски цени

Слободен печат

Трамп: Сè што е поврзано со оваа измамничка истрага на обвинителот Малер да се отфрли

Слободен печат