Ел Чека до Заев: Да ти ги *бам законите на таа држава што ги ослободува криминалците!

Ел Чека му одговори на премиерот Заев. Постирајќи видео од прес конференцијата во Влада, Ел Чека на фејсбук напиша:

„Најдобар брате мој, ја превртуваме државата“.

Веднаш потоа објави и неколку статуси на Фејсбук со порака до премиерот Заев, но дел од нив веднаш беа избришани. Во една од пораките се вели:

„Зоран Заев знам кој ти е проблемот. Неуспехот на организираниот криминал што го имаше со СЈО. Пропадна планот за рекетирање и уценување! Сум ги прекршил законите, тогаш “да ти ги *бам законите” на таа држава што ги ослободува криминалците, а секој ден ги држи Албанците во затворите. Не заборавај земи го Али со Николче и дојдете навака. Мртви тела од денот кога дојдовте!“, напиша Ел Чека на Фејсбук.

Премиерот Зоран Заев му порача на Ел Чека дека ќе одговара за бомбите кои ги објавува на социјалните мрежи. На прашањето зошто во разговорите во бомбите од Ел Чека има разговори само од функционери од ДУИ тој го побара неговиот број.

Претходно Ел Чека му се закани и на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, порачувајќи му: „Албанската крв ќе те убие Антиќу!“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот