Ел Чека на Фејсбук му се закани на Ахмети: Албанската крв ќе те убие Антиќу! – Слободен печат
ВестиМакедонија

Ел Чека на Фејсбук му се закани на Ахмети: Албанската крв ќе те убие Антиќу!

Ел Чека во својот статус го нарече Ахмети, „удбаш“ и лице кое е „шизофреничар со документ“. 

„Бомбашот“ Ел Чека повторно се огласи на Фејсбук, овојпат тој му упатува директни закани на лидерот на Дуи, Али Ахмети, како одговор на неговиот вчерашен говор. 

Ел Чека во својот статус го нарече Ахмети, „удбаш“ и лице кое е „шизофреничар со документ“, а потоа му упати и директни закани.

– Али Ахмети рече дека прислушуваните разговори ми ги дала УДБА. Која УДБА? Бидејќи колку што знам јас, ти имаше нивен пасош. Се сеќаваш ли како чичко Суљо на аеродромот во Цирих ти го најде пасошот со име Александар Антиќ, со твоја фотографија. Ти самиот си УДБАШ, шизофрен со документ. Не ја споменувај ОНА, бидејќи ги срамиш паднатите борци. Не остана Албанец кого ти не си навредил. Сину на торбешка, која едвај зборуваше албански, тие Изетите што ги праќете за да донесат пари за моја ликвидација држи ги малку поблиску до себе за да ве најдеме сите заедно, да не се измориме барајќи ве. Ја задржа власта лееќи албанска крв. Но таа крв ќе те убие Антиќу. Се гледаме наскоро, напиша Ел Чека.

Ахмети на изборот на претседател на сарајскиот огранок зборуваше за „бомбите“ кои ги објавува Ел Чека. Тој зборуваше за селективната правда, која, според него, се случува во Македонија. Според него, македонските партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го девалвирале целиот процес, и затоа бара веднаш ветинг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close