Арбен Таравари / Фото: скриншот

Таравари: Со радост ја напуштив Владата, беше неподносливо

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на митинг во Гостивар изјави дека напуштањето на владината коалиција било нужност, а не политички каприц.

Тој пред своите поддржувачи порача дека одлуката да се излезе од Владата ја донел „со радост“, затоа што, како што рече, ситуацијата била неподнослива.

„Ја напуштивме владата доброволно, бидејќи беше неподносливо. Моите блиски пријатели добро го знаат тоа – имавме две опции. Едната беше да освоиме неколку општини во соработка со ВМРО-ДПМНЕ. Дали ќе ги освоевме? Да, но каде ќе одевме потоа? Ќе одевме кон дефакторизација на Албанците во локалната самоуправа“, објасни Таравари.

Тој додаде дека доколку размислувал лично и себично, би можел да остане во Владата, како што се некои негови поранешни колеги.

„Ќе морав да останам таму како Изет и како Билал – да молчам и да земам министерска плата, додека во Тетово, Гостивар и во Чаир градоначалниците би биле марионети, исто како што се сега министрите“, изјави Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот