ВИДЕО | „Уште се чистам од драмите во 2025“: Емотивна исповед на пејачката Тамара Волческа
Емотивна исповед за сѐ она што го загубила во 2025 година и кои лекции ги научила од драмите што ги доживеа, даде поп-пејачката Тамара Волческа.
Препорачано
„Мојата 2026 започнува во февруари. Зошто? Затоа што уште не можам да се исчистам од драмите од 2025 кои што сè уште траат во јануари. На први февруари почнуваме со нов лист“, рече Тамара Волческа во утринската програма „Здраво Македонијо“ на телевизија Канал 5.
Таа е една од нашите најактивни поп-рок пејачки на настапите низ клубовите и на домашните фестивали како „Макфест“ и „Охрид фест“. Волческа и нејзиниот бенд беа предгрупа на концертите на „Црвена јабука“, „Рибља чорба“ и многу други во Скопје.
„Како се справив со емоциите? Како што кажавте, мислам дека од најнегативните чувства што можеме да ги носиме во себе, се раѓаме како луѓе со најмногу научени лекции.
Баш како феникс се дигаш од целата таа негативност и мораш да се кренеш над ситуацијата, да погледнеш од птичја перспектива. Многу е тешко кога си знаел дека си можел многу порано да смениш работи, да не се доведеш себеси до тој стадиум, и сега тука е делот каде што треба да си простиш.
Значи, простувањето на себе, таму лежи всушност најголемата болка и разочараност. Семејството е она првото на коешто треба да ги даваме работите кои што ги даваме, а не да даваме работи, чувства и нешта на луѓе коишто се само гости или минувачи низ нашите животи. Како што кажав, да си се гледаме прво себеси и најблиските, најблискиот круг на семејството, потоа сѐ друго“, рече Волческа.
На јубилејниот 40. „Макфест“ во 2025 година, таа ја испеа песната „Ведро е“ која ја напишаа авторите Дарко Тасев и Весна Малинова.


