Талибанците три пати ѝ тропнале на врата, четвртиот пат ја убиле

Протест на Авганистанки во Херат/Фото; EPA-EFE/JALIL REZAYEE

Авганистанката Најла, мајка на три мали сина и една ќерка, била во својата куќа во малото село на северниот дел на Авганистан, кога талибанските војници и тропнале на врата. Ќерката на Најла (25) знаела дека тие доаѓаат, а мајката и рекла дека тие веќе три дена доаѓаат пред нивната врата. Талибанците од Најла барале храна за 15-мина талибански војници. Откако веќе четврти пат биле одбиени, Талибанците ја убиле Најла. Приказната ја раскажа ќерката Манизха за Си-Ен-Ен. Си-Ен-Ен ги користат псевдонимите „Најла“ и „Манзиха“ за да го заштитат идентитетот на семејството.

„Мајка ми им рече дека сме сиромашни и дека не може да готви. Талибанците почнаа да ја тепаат. Мајка ми падна а тие почнаа да ја маваат со пушките. Им велев да престанат но беше залудно.“ вели Манизха за Си-Ен-ен.

Смртоносниот напад бил извршен на 12-ти јули во провинцијата Фарјаб, а тој беше застрашувачка најава за останатите жени во Авганистан.

Ова е само една од многуте вакви случаи каде авганистанските жени биле малтретирани или убиени од страна на талибанците.

Некои жени сведочат дека немале доволно време за да си купат бурка, во обид да се ускладат со барањата на талибанците, односно жените да бидат сосема покриени и да бидат придружувани од машко лице кога ќе го напуштат домот.

Според нивната идеологија жените немаат никакви права, а со преземањето на Кабул и речиси цел Авганистан, талибанците го започнаа притисокот врз авганистанките. За овие жени, покривањето и губењето на правата кои ги стекнале во последните 20 години – правото на работа, учење, движење и да жа живеат во мир, претставува страв дека животот никогаш нема да биде ист.

Но, откако земјите од светот побараа од нив да престанат со злоупотребувањето на жените, талибанските војски ги повикаа жените да бидат дел од нивната влада.

Но, тоа ќе биде во Кабул, талибанците не гарантираа за правата на жените во селата и помалите градови, кои беа преземени од нивна страна.

Вакви примери како со мајката Најла можат и понатаму да се случуваат во малите села и градови.

Големи закани за жените во Авганистан: Талибанците ги злоупотребуваат и поробуваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот