Талибанците со истрели во воздух го прекинаа протестот на жените кои бараа право на образование

Талибанци. / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Талибанците со истрели во воздух го прекинаа денешниот протест на шест млади Авганистанки, кои бараа да им се почитува правото на образование.

Девојките утрово пред авганистанското Министерство за образование истакнаа транспарент на кој пишуваше „Не го политизирајте образованието!”.

Десетина вооружени талибанци интервенира и го прекинаа протестот, а се обидоа да ги одземат камерите од снимателите и камерманите.

Девојките се засолнија во едно училиште.

Талибанците на 8 септември ги забранија сите демонстрации во Авганистан.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот