Талибанците го амнестираат претседателот Ашраф Гани, како и сите службеници во авганистанската влада

Поранешниот претседател на Авганистан, Ашраф Гани/ Фото: EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Радикалното движење Талибан објави амнестија за сите службеници во авганистанската влада, вклучително и претседателот Ашраф Гани.

– Тие можат да се вратат и да живеат во Авганистан, изјави талибанскиот лидер Халил ур-Рахман Хакани во интервју за пакистанската телевизија.

Според него „нема непријателство” меѓу талибанците и претседателот Гани, потпретседателот Амрула Салех и советникот за национална безбедност Хамдулах Мохиб.

– Нашата земја им простува на сите, од генералот до обичниот човек, наведе Хакани.

Тој, исто така, ги повика граѓаните кои бегаат од Авганистанци да не го прават тоа, при тоа тврдејќи дека талибанците ќе возвратат на пропагандата што ја шират непријателите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот