Талибанците ги суспендираа сите летови од Кабул

img alt
Авганистанци се качуваат на авион на аеродромот во Кабул / 16 август 2021, Кабул, Авганистан / Фото: Wakil Kohsar / AFP / Profimedia

Талибанците денеска соопштија дека привремено ги суспендираат сите летови на меѓународниот аеродром во Кабул, пренесува агенцијата ТАС.

Талибанските единици пристигале на аеродромот по што испукале неколку истрели како предупредување за луѓето кои се собрале на аеродромот.

Претходно беа откажани сите комерцијални летови од аеродромот во Кабул, додека на сите транзитни летови им беше препорачано да ја променат својата рута, прелетувајќи го Авганистан.

Воените летови, организирани за евакуација на дипломатите и цивилите од Авганистан, беа обновени утрово.

Американските сили го контролираат аеродромот, откако безбедно го пренесоа целиот свој персонал од американската амбасада во Кабул.

Бајден испрати 5.000 војници во Кабул за евакуација на дипломатите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот