Талески и Рајн Некар се разделија – Слободен печат
РакометСпорт

Талески и Рајн Некар се разделија

Филип Талески од денеска повеќе не е член на германскиот бундеслигаш Рајн-Некар Левен.

Македонскиот репрезентативец Филип Талески денеска спогодбено го раскина договорот со поранешниот германски шампион, Рајн Некар Левен.  Тој останува во германската Бундес лига и во следната сезона ќе биде дел од тимот на Балинген.

Причината за заминувањето од Рајн Некар е малата минутажа која ја добиваше кај тренерот Јакобсен, но и неговиот наследник го стави Талески во втор план, по што македонскиот репрезентативец побара и доби раскин на договорот.

„Благодариме Филип. Постигнавме договор да го ослободиме Филип Талески од договорот со кој требаше да остане во клубот до 30 јуни 2021 година. Македонецот се сели во новиот прволигаш Балинген“,  објави Рајн Некар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close