Таксисти, камиони и возила што едвај се „пробиваат“: Изградбата кај „Холидеј ин“ создава метеж на улицата Кеј 13 Ноември

Фото: Слободен печат/Елисавета Бејкова

Од една страна паркирани таксисти, од другата наредени камиони со мешалки за бетон, а на средина поминуваат возила, поради што во текот на вчерашниот ден се правеше голем застој во сообраќајот. Вака некако изгледа улицата Кеј 13 Ноември, која се протега покрај градилиштето на паркингот спроти „Холидеј ин“ и ја поврзува улицата Филип Втори Македонски со булевар Кочо Рацин.

Како што е познато, на овој простор веќе една година се гради првата кула од комплексот „Гранд“, но нејасно е кој и зошто дозволил поради градежни зафати од приватен инвеститор да се узурпира јавен простор и тука според потребата на моменталните градежни активности да се паркираат камиони со различна намена. Зошто на пример овие камиони не се паркираат од страната на паркингот? Иако тогаш би се намалил бројот на паркинг места и парите кои се наплатуваат за паркирање на останатите возила.

А за пешаците, кои веќе не можат да се движат од десната страна на улицата и за возилата кои со големо внимание треба да се пробиваат по улицата очигледно никому не му е грижа. Ниту за нервозите, ниту за метежот што се создава на улицата.

Има ли некој што е загрижен и одговорен за она што секојдневно му се случува на Скопје?

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот