Тајните на синиот канал: Популарно место каде пливањето не е добра идеја поради неколку причини

Тајните на синиот канал
Фото: Matt Newey/Solent News / Photo Agency / Solent News / Profimedia

Солената пустина Бонвил во северозападна Јута, САД, долги години е атракција меѓу туристите. Станува збор за неверојатна област – најголемото природно солено езеро на западната хемисфера и едно од најсолените во светот.

Интересот на туристите за посета уште повеќе порасна во последната година откако на интернет се појавија фотографии од Синиот канал. Неодоливата боја на водата во каналот, за разлика од белата околуина, создава восхитувачка композиција која многумина ја фотографираат и објавуваат на социјалните мрежи.

Иако истражувањето на необични и скриени места е омилена активност на светските патници, сепак е важно да се почитуваат правилата на локалното население. Имено, синиот канал е делумно во приватна сопственост – насекаде има поставени знаци за забрана и не треба да се посети без претходно одобрение од сопственикот.

Тајните на синиот канал / Фото: Matt Newey/Solent News / Shutterstock Editorial / Profimedia

Дополнително, треба да знаете дека каналот не е природна појава, туку вештачка креација направена за индустриски цели.

Имено, локалната компанија „Intrepid Potash“ го користи каналот како одводен ров во процесот на вадење минерали. Иако водата не е отровна, истата не е наменета за капење. Исто така, локалните власти предупредуваат дека некои делови од синиот канал може да бидат нестабилни и да се срушат.

Експертите велат дека задржувањето на ова место не не е добра идеја, дури и по цена да се направи совршена фотографија за Инстаграм. Локалните полицајци, исто така, почнаа да пишуваат казни за да ги спречат љубопитните луѓе да стигнат до синиот канал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот