Таири: Ова е историски успех за Струга, зошто да не бидеме и во групите на Конференциската лига
Струга Трим Лум го слави влезот во плеј-офот на Конференциската, а Бреидаблик од Исланд е последната пречка на патот кон групната фаза.
Препорачано
Ова е многу големо достигнување за клубот кој е основан пред само осум години.
Радосен поради ваквиот успех е и капитенот на актуелниот македонски шампион, Фљамур Таири:
– Јас сум дел од ФК Струга Трим Лум од неговите почетоци и од година во година постигнуваме последователни успеси. Многу сум возбуден за пласманот во плеј-офот, тоа е историско достигнување за нас и се надеваме дека ќе продолжиме, а зошто да не се квалификуваме и во групите на Конференциската лига. Секако, за ова достигнување, сакам да им се заблагодарам на сите фудбалери, бидејќи покажаа невиден натпреварувачки дух, се жртвуваа сите,и оние кои играа од првата минута, и оние кои беа вклучени во играта од клупата, покажаа ентузијазам, извонредна подготовка, благодарност до сите – рече Таири.
Како што објавија од клубот, Струга првиот натпревар од плеј-офот на Конференциската лига против Бреидаблик на 24 август ќе го игра во Охрид, а реваншот е една недела подоцна на 31 август во Исланд.
Шпетим Дуро: Чудата на Струга Трим Лум сезонава продолжуваат


