Тага на „Маракана“: Како скијач дојдов во Црвена звезда, а заминав како крал! (ВИДЕО)

фото: твитер

Елснер 14 пати ги бранеше боите на југословенската репрезентација, со која освои бронзен медал на Олимписките игри во 1984 година во Лос Анџелес.

Легендарниот фудбалер на Црвена звезда, Марко Елснер почина на 60-годишна возраст по долго боледување.

Словенечкиот дефанзивец одигра четири сезони за белградските „црвено-бели“ (1983-1987) и беше член на генерацијата која оствари незаборавна победа над Реал Мадрид (4:2) во Купот на Европските шампиони во 1987 година.

Го носеше дресот на Црвена звезда вкупно 128 пати и постигна три гола. Тој порасна во Слован, а потоа играше за Олимпија, Ница и Адмира.

Потекнува од фудбалско семејство, неговиот татко беше познат тренер. Неговиот син Лука исто така беше фудбалер, додека другиот син Рок и натаму е вклучен во овој спорт.

– „Како скијач дојдов во Црвена звезда, а заминав како крал!“ – се сеќаваат на зборовите на Елснер.

За време на неговата кариера, Елснер 14 пати ги бранеше боите на југословенската репрезентација, со која освои бронзен медал на Олимписките игри во 1984 година во Лос Анџелес.

Овој одбранбен играч беше шампион на Југославија (1984) и победник на Купот на Југославија 12 месеци подоцна со Црвена звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот